April 20, 2024, 11:52 am

Кој лaжe: Напаѓачот не ми се извини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напаѓачот не ми се извини, но не е ниту важно дали ќе ми се извини. Тој треба да ѝ се извини на институцијата, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, запрашан од новинарите во врска со физичкиот напад врз него од страна на 28-годишниот Аријанит Џафери, син на поранешниот владин функционер од редовите на ДУИ, Муса Џафери.

„Постапката е во тек, ќе се советувам со моите адвокати и ќе видиме како ќе го решиме тој проблем во наредниот период и како ќе постапам. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да ѝ се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба сите во оваа држава да имаме однос кон институциите, бидејќи институции ја прават државата“, рече Бислимоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This