КОЈ ЛAЖE СДСМ ИЛИ ЗАЕВ: Дали тој уште ја користи премиерската вила?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Зоран Заев тврди дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од Продукцијата за Слободен Печат.

Меѓу другото во шоуто тој открива дека повеќе од 45 дена надвор од секакви законски можности користи државни бенефиции кои не му следуваат.

Со изјавата на Заев се отвара и прашањето дали неговата партија лажела кога информирала дека Заев од вилата заминал на 3 јануари на денот на заминување од премиерската функција.

“На 3 јануари, доскорешниот премиер Зоран Заев, речиси истовремено кога ја поднесе оставката во парламентот, ја напуштил и премиерската вила на Водно, каде што живееше од летото 2017 година, кога беше избран на чело на Владата.

Од СДСМ велат дека партискиот лидер, по заминувањети до премиерската функција, изнајмил стан во Скопје, каде што престојува во текот на работната седмица, додека за викендите често оди во родната Струмица”, пишува на 17 јануари новинарката Александра Митевска која важи за добро информирана за состојбите во СДСМ.

Трошоците за функционирање на премиерката вила кога во неа живее премиер се илјадници евра дневно, пари кои државата не смеела да ги троши за Зоран Заев по ниедна законска основа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This