April 25, 2024, 11:28 am

КОЈ МУ ВПЕРИ ПИШТОЛ НА МИТКО ЈАНЧЕВ?: СДС подготвува насилство за локалните избори, вака се договара „стратегијата“ во Арачиново!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партиската полиција на СДС која завзема позции во неуниформираната единица „Алфа“, под водство на Примислав Димовски кој на чело на единицата беше поставен уште во времето на техничкото министерување на Спасовски, започна со „припреми за локалните избори“

 

Партиската полиција на СДС започнала со „припреми за локални избори“ како што пишува на својот профил, Сашко Г. инаку вработен во единицата „Алфа“, опишувајќи го неговиот состанок со претседателот на ОО на СДС во Арачиново, Агрон Хали и тоа во текот на работното време. Претходно, медиумите пишуваа за криминалните врски на претседателот на СДС во Арачиново, Агрон Хали кој беше поврзуван со трговија со дрога.

На масата освен Сашко Г. се гледа и полицаецот Горан. А, а на масата може да се забележи и службената врска, која полицајците ја носат со себе само во текот на работното време.

Партиски состаноци во текот на работното време имал и Музафер И. исто така вработен во единиата „Алфа“, кој заедно со претседателот на СДС во Арачиново договарал „стратегија“ за локалните избори.

Сето ова ги потврдува сомнежите дека СДС, со помош на партиската полиција подготвува изборно насилство, исплашени од рејтинзите кои покажуваат сигурен пораз на СДС и убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека тоа е така, потврдува и денешниот инцидент во кој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник беше неосновано претресуван, и од страна на единицата „Алфа“ му беше вперен пиштол во главата.

Како што дознаваме од добро упатени извори, наредбата за ваквата тортура врз Митко Јанчев, инаку кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци била наредена токму од командирот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски, под образложение дека постоело сомнение за нелегално поседување на оружје.

Секако, Јанчев немал оружје во себе, а ваквото образложение е само оправдување за тортурата која СДС ја врши врз својот политички опоненет.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This