КОЈ НАВИСТИНА ГО НАПРАВИЛ СТОУНХЕНЏ: Дел од карпите кај Стоунхенџ датираат милијарди години пред да се појават луѓето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новото откритие може да ја реши долгогодишната мистерија околу најстариот споменик во Европа.

Според поранешниот директор на ископувањата, археологот Мајк Питс, некои од огромните камења на Стоунхенџ се поставени во салата во Салсбури каде што се наоѓаат и ден денес, пишува Сајнс Алерт.

Оваа нова теорија се соочува со претходните убедување дека песочните карпи (сарсени) биле влечени на локацијата од Марлборо-Даунс, 32 километри од Стоунхенџ.

Зошто древните градители ги влечеле карпите, наместо да го подигнат споменикот на местото каде се вршел ископот, остана мистерија.

Мајк Питс верува дека најголемите сарсени, познати како Хил Стоун и Стоун 16, веќе биле на тоа место, видејќи за разлика од остатокот од споменикот, тие не биле изрежани или обликувани на кој било начин.

Додека ископувал во близина на Стоунхенџ во доцните 70-ти, Питс открил дупка премногу голема за да биде “жлеб” за камен. Ова сугерира дека каменот бил подигнат од дупката и стоел исправено, но не бил донесен од друго место.

Освен тоа, линијата која тече низ двата камења укажува на тоа каде Сонцето се крева и паѓа под хоризонтот.

Питс верува дека природната локација на камењата била причина зошто целиот споменик бил изграден таму.

Едно од чудата на светот и најпознатиот праисториски споменик во Европа, Стоунхенџ се состои од прстен од исправени камења, висок околу 4 метри, широк 2.1 метри и тежок околу 25 тони.

Камењата се поставуваат во земјени жлебови во средината на комплекс од споменици на неолитот и бронзеното време во Англија, вклучувајќи неколку стотици гробници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This