КОЈ НАПРАВИ ПУЧ ВО БЕСА: Касами обвинува за пуч во партијата, Африм Гаши најавува влез во владата на Заев и формирање на пратеничка група со Мендух Тачи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партискиот конгрес на БЕСА помина во светло на внатрепартиски расправии и поделби, откако скопското крило на „новиот“ претседател Африм Гаши, како што велат од тетовското крило на Билал Касами, извршило пуч во партијата

 

Според информациите од новоизбраното раководство, Гаши веќе разговарал со Зоран Заев и тоа пред одржувањето на конгресот за можностите БЕСА да се приклучи кон поддршката за оваа влада.

„Да, имавме средби со премиерот. Преговори немаше бидејќи прво требаше да заврши партискиот конгрес за да има кој да преземе одговорност за таа одлука. Ние ќе бидеме дел од Владата само како движење Беса, како наша политичка партија, и така ќе ги започнеме преговорите со премиерот. Ние немаме предрасуди кон другите политички партии бидејќи внатре е ДУИ со која денес имаме дијаметрално спротивни ставови. Во ваков чувствителен период за Македонија, кога земјата треба да го реши спорот околу името со Грција и да стане дел од НАТО и ЕУ, можеби треба да ја подадеме раката за соработка со Владата“, изјави Африм Гаши, пренесува „Независен“.

Не е исклучена можноста крилото на Гаши да оформи парламентарна група со ДПА. Присуството на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на конгресот во Тетово само ги подгреа овие шпекулации според кои Реџеп Мемеди, Неџмедин Кахремани заедно со Гаши ќе и се придружат на пратеничката група на ДПА која има двајца парламентарци. Со тоа би оформиле нова петчлена пратеничка група. Истите извори додаваат дека следната фаза подразбира преговори со премиерот Зоран Заев за оваа група да се приклучи конечно кон парламентарното мнозинство – пренесува весникот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This