КОЈ ОСТАНА ДА ГО БРАНИ ЗАЕВ: Никој повеќе не го поддржува во идеите, освен две жени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повеќе се шири паниката помеѓу членството на СДСМ, па откако се соочи со острите реакции на целокупната македонска јавност, вклучително и тврдокорните поддржувачи на СДСМ, Зоран Заев деновиве ги спрегнал жените од организацијата на жени на СДСМ да го бранат на социјалните мрежи

 

zoran-zaev-bankii

Потезите на првиот човек на СДСМ наидуваат на се поголем отпор дури и кај отворените поддржувачи на СДСМ. Таков е примерот со опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски, но и кај многумина други, нормални членови на СДСМ.

Сепак, во партијата постојат и оние кои кратковидо се ставаат во одбрана на нивниот лидер дури и тогаш кога тој најавува федерализирање на државата и воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, што ќе значи задолжителен Албански и во Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Велес, Демир Капија, Свети Николе итн.

Но, ставањето во одбрана на Заев не доаѓа бесплатно. Една од најгласните меѓу жените кои го бранат Заев е Магдалена Несторовска. Советник во општина Карпош, и една од партиски вработените кадри во МВР во првиот чин на узурпирање на министерското место во МВР од страна на Оливер Спасовски. За нејзината компетенција нема да зборуваме, но можеме да кажеме дека токму таа е жената која посакуваше смрт на Стевчо Јакимовски и целото негово семејство. За нормалноста на бранителите на Заев, веќе се е јасно.

Еве што таа напиша во негова одбрана.

nestorovska_zabegana

Несторовска повикува на охрабрување на членството, со самото тоа признавајќи дека цело СДСМ е во паника, исплашено од изборните резултати за кои знаат дека нема да бидат поволни по нив.

Освен Несторовска, во одбрана на Заев застана и претседателката на жените од СДСМ од општинската организација во Битола, која неодамна имаше урнебесен гаф, кога сакјќи да им го честита 8-ми Март на жените, изјави дека „нема да дозволат поделба на жените по пол“, и дека „најголемиот број на самохрани мајки се жени“. Тоа е слично со изјавите на Заев како на пример „на човека со сила можеш да му дадеш, а не да му земеш, односно…“, или легендарната за количеството на вода.

strumenikovska_zabegana

Тоа се луѓето кои останаа да го бранат Заев. Безлични, лицемерни, алчни и кратковиди. Луѓе со сличен ментален капацитет на нивниот водач. А, и старите убаво кажале „со кого си, таков си“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This