March 28, 2024, 10:14 pm

КОЈ ПРВ ДО 61 ПРАТЕНИК И НОВА ВЛАДА: Започна трката по обезбедување на 61 пратеник за формирање на Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна трката по потписи и обезбедување мандати со кои ќе се формира новата Владина коалиција, откако по консултациите во текот на вчерашниот ден, Претседателот Иванов во обраќањето изјави дека мандатот ќе го добие оној кој на пимено ќе докаже дека има обезбедено мнозинство од 61 пратеник за формирање на нова Владина коалиција

zbirna_lideri_pretsedatel

Не треба многу за да се пресмета дека клучот за составување на нова Влада повторно се наоѓа во рацете на ДУИ, откако во изјава за албанските медиуми во земјава од Алијансата на Албанците и БЕСА изјавија дека тие би ја поддржале СДСМ за формирање на нова влада. Сепак, бројот на нивните пратеници не е доволен, имајќи во предвид дека СДСМ има 49 пратенички места, а БЕСА и Алијансата заедно 8.

Дури и на оваа коалиција да се додадат пратениците на ДПА, во тој случај максимумот на таквата хипотетичка коалиција би броел 59 пратеници, што повторно не е доволно за формриање на владина коалиција.

sobranie_budzet

Во меѓувреме од ДУИ немаат друг коментар, освен дека повторно започнале со партиските консултации, а сите пет точки повторно се ставени на маса и по нив ќе се одлучува. Претходно информиравме дека во текот на целиот ден на 29 јануари, ДУИ имале донесено одлука за коалицирање со традиционалнит партнер ВМРО-ДПМНЕ, а против оваа коалиција биле само Арифи, Бејта и Меџити.  Вечерта околу 21.00 часот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја одби понудата за коалиција во рамки на црвените линии кои ги објави Извршниот комитет на владеачката партија на 17-ти Декември.

pronajdeni-chovechki-cherepi-i-koski-vo-dvorot-na-ahmeti-vo-zajas

Засега неконзистентен во ставовите е Зоран Заев, кој во неколку наврати во само два дена неколкупати ги смени ставовите. Имено, прво тврдеше и бараше Иванов да му го даде мандатот нему, а потоа изјави дека тие нема да го добијат мандатот со оглед на тоа што немаат најголем број на пратеници во Собранието. Потоа изјави дека и избори не се лоша алтернатива, за денес да даде изјава дека „СДСМ ќе ја направи владата дали со 62 или 67 пратеници“. Секако, за оваа произволна изјава нема потврда.

gruevski-3-520x347

Засега, само ВМРО-ДПМНЕ бара да се одржат нови брзи избори бидејќи со ваков распоред на силите, нема да постојат услови за непречена реализација на чија било програма.

Нема конкретен рок до кога партиите треба да достават потписи до кабинетот на Иванов. Доколку тоа не се случи, пратениците ќе мора да се состанат и да изгласаат распуштање на Собранието, по што ќе бидат распишани предвремени избори.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This