April 23, 2024, 11:50 am

КОЈ ПРИСЛУШКУВАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Видео бомбите докажуваат дека УБК не го извршувала прислушувањето во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во лавината информации лиферувани во медиумите и глупости кои ги прави актуелната власт, граѓаните многу лесно можат да изгубат во намерно создадениот лавиринт од информации. На пример со азилот на Груевски граѓаните заборавија на промената на името и Уставот со цел спроведување на капитулантскиот договор од Преспа. Па така во изминативе 4 години непрекината политичка криза ние сите заборавивме како започне кризата.

Кризата започна со нелегалното прислушување и со објавување на нелегално стекнатите материја од страна на Заев таканаречените бомби. Сега по азилот на Груевски добивме продолжување на спектаклот со бомбите ама овој пат со објавување на долго најавуваните видео бомби. Имено за видео бомбите многу добро знае подземјето во Македонија, но не и граѓаните, а нивното постоење целосно ја руши тезата дека државата нелегално прислушкувала, туку дека станува збор за материјали прибравени на нелегален начин од трета страна која не е ни ВМРО-ДПМНЕ ни СДСМ, туку странска тајна служба.

Заев и самиот при средбите со Никола Греувски, во премиерскиот кабинет кога ВМРО-ДПМНЕ сеуште на власт посочува дека тој бомбите ги добил од странска разузнавачка служба. После ваквата изјава и објавувањето на овие снимки, пропагандата машинерија на СДСМ се исмејуваше со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека снимките се навистина од странски служби, но од ден во ден се повеќе информации наведуваат на ваквото првично тврдење на самиот Заев.

За да ја разрешиме оваа мистерија како и секој добар детектив треба да ја следиме старата изрека ,,follow the money’’ или во нашиот случај кој имал интерес во целата оваа приказна. Да потсетиме дека клучен настан кој следуваше по објавувањето на бомбите е рушењето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, настан од кој фајде единствено имаше СДСМ. Но логично треба да си го поставиме прашањето кој имаше интерес од доаѓањето на СДСМ на власт. Корист имаа сите наши соседи, со оглед на фактот што Заев ја прифати Тиранската платформа, Договорот со Бугарија и Договорот со Грција, сите освен Србија. И токму на 27 април режисерите на ова сценарио ја вмешаа и обвинија Србија, поради присуството на српскиот разузнавач Живалевиќ во Собранието тој трагичен ден.

Според информациите во српските медиуми Живалевиќ е соработник со странски служби, а логиката вели дека тој е ,,patsy’’, ,,fall guy”, човекот на кого требаше да се префрли вината и да ја дефокусира јавноста од случувањата на 27 април и од вистинските виновници за настанот.

Сега се поставува прашањето дали разузнувачките служби на соседните држави имале можности на Заев да му ги достават овие материјали. Одговорот е лесен и едноставен, не ! Зошто бидејќи и тие самите се под целосна контрола на службите на светски сили.

Да се потсетиме на одисеите на Заев преку Грчката граница која таа повеќе пати ја минувал сам пеш, никогаш не се откри причината за неговите тајни посети. Разумно е да се сомневаме дека тогаш тој ги добил овие нелегално снимени материјали. Имено Грчката национална разузнавачка служба е базирана врз основа на ЦИА што значи дека врските помеѓу двете служби се природни и реални.

Зошто ЦИА би била толку заинтересирана да ја урне Владата на Груевски. Одговорот повторно е едноставен целта е влезот на Македонија во НАТО, по цена и на промена на уставното име на Македонија. Да Американците знаат дека е многу тешко да се преговара со националисти низ целиот свет и токму поради оваа причина САД низ целиот свет поддржува левичари кои не ги интересираат националните и државните интереси и се спремни да ја поддржуваат агендата за глобализација спроведена од страна на Новиот Светски Поредок.

Резимето е едноставно, Заев е дете на Длабоката држава, а Северна е сираче резултат на непочитувањето на волјата на граѓаните од страна на Новиот Светски Поредок. Прислушувањето не е спроведено од УБК, туку од странска служба која не можеме со сигурност да ја потврдиме, Македонија е жртва на туѓи интереси, а Заев За туѓи бели дворови на сите ни копа црни гробови!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This