April 25, 2024, 11:01 am

КОЈ САКА ДА ГО УMPE БОКИ 13: Не ја прима потребната тepaпија, во cyдницата се појави како „зomби“, Русковска не му вepyва дека е бoлeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако првото рочиште беше закажано да започне во 10.00 часот утринава, пред судот Бојан Јовановски-Боки 13 се појави со задоцнување од 45 минути. Неговата здравствена состојба како и што може да се види од фотографиите е лоша, тој вели дека не ја прима потребната терапија, 10-тина пати повраќал само изутринава. Според затворскиот лекар тој не е во состојба да го следи судењето, но тој сепак се појави на инсистирање на Боки 13 за да не изгледа како тој го блокира процесот.


-Здравствената состојба, дијагнозата која што ми ја дијагностицираа од 8 септември, јас немам добиено терапија за таа нова дијагноза која што ми е најдена, состојбата не ми е добра и тешко од сабајле ви велам, може 10 пати повраќав. Едноставно во затворскиот доктор само констатираше дека не сум во состојбата да го следам судењето. Јас инсистирав да дојдам за да докажам дека не сакам да го блокирам судскиот процес. Инаку не сум во свесна и рационална состојба. Ниту да ги образложам воведните зборови, вели Боки 13.

Русковска пак смета дека Боки 13 е во добра здравствена состојба и сака само да се одолговлечи постпаката.

-Лекарите во болницата 8 септември утврдиле дека тој е во добра здравствена состојба, јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би си ја ризикувал кариерата, ниту лиценцата за работа, доколку не стои позади она кое што го навел потпишал и сметам дека само сакаат да се одолговлечи постпката, вели Русковска.

Неколку десетици новинари, уште толку камери и фоторепортери заедно со претставниците на невладините здруженија, домашни и странски го следат првото рочиште за случајот Peкет на кое ќе се дадат воведните зборови во случајот на Обвинителството за Организиран криминал и корупција.

Помеѓу оние кои го следат судењето е и професорот по Уставно право Светомир Шкариќ, претставници од амбасадата на САД како и адвокатот на Орце Камчев, Александар Михајловски.

 

Орце Камчев е оној кој што прв го пријави случајот уште во мај годинава, речиси осум месеци подоцна и голем број контроверзии почнува судењето за случајот. Експертската јавност како и обичните граѓани упатија низа критики на адреса на обвинителството и на обвинителката Вилма Русковска поради нивната неажурност за како што многумина ја нарекуваат, најголемата криминална афера во независна Македонија.

Да потсетиме дека во екот на аферата и објавувањето на бомбите од Ла Верита и Катица Јанева и Вилма Русковска заминаа на одмор, а контреверзен беше и начинот на кој Јанева за прв пат се појави во обвинителството како сведок, но со адвокат, нешто што досега го немало во судската пракса на Македонија.

Конфузни и контрадикторни беа и изјавите на Русковска по објавувањето на исказот на сведокот Камчев од страна на нашиот портал Индфомакс. Таа најпрвин ја потврди веродојстојноста за потоа да демантира дека во исказот се споменувани политичари, за потоа истрагата да биде проширена со потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски.

За експертите проблематичен беше и домашниот притвор за Јанева која во моментот кога беше ослободена од притвор не и беше уважена никаква парична гаранција иако истата претходно беше понудена. Ќе се дознае ли целата вистина за „Рекет“ останува да видиме.

ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ОВИЕ ФОТОГРАФИИ ЗНАЧИ ДЕКА СТЕ СОГЛАСНИ ДА ПЛАТИТЕ ФАКТУРА ОД 90 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This