КОЈ САКА ДА ФРЛИ ДАМКА ВРЗ ПРОТЕСТОТ: Запалено грчкото знаме – организаторите уште вчера пријавиле во полиција дека имаат информации за провокатори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патриотските здруженија вечерва излегоа на протест за како што велат одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. Дел од учесниците на протестот против промена на името на државата пред Собрание го запалија грчкото знаме.

Дел од организаторите вчерва прокоментира дека се работи за лица кои имаат за цел да фрлат црна дамка врз протестот. Според нив некому не му одговара што вечерва се собраа околу 15.000 Македонци, кои и покрај лошите временски услови, излегоа да го кажат своето НЕ за продажбата на уставното име.

Она што го додаваат е дека некој сака да фрли црна дамка на протестот, кој беше семакедонски, мирен, а како што велат повеќепати беше апелирано да не се предизвикуваат вакви провокации.

Од организациите кои стојат зад протестот, вчера, испратиле и пријава до полицијата и обвинителството во која ги известуваат надлежните органи дека имаат информации за лица кои планираат да предизвикаат провокации на мирниот протест, со барање за засилено полициско присуство.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This