April 25, 2024, 10:59 am

КОЈ САКА ДА ЈА СТАВИ ПОД КОНТРОЛА СИТЕЛ: Кој му вршел притиcoци на Драган Павловиќ Латас?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драган Павловиќ Латас поднесе ocтавка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител. Во оставката, која ја објави Вечер Против Драган Павловиќ Латас се води kpивичен предмет Труст кој го застапува Специјалното Јавно oбвинитeлcтвo поради даночно затаjyвање. Латас иако објавува дека го напушта уредничкото место од Сител под притисок, не кажува од кого е притиcoкот и дали целта е да се превземе телвизијата и да се смени програмата во нечија корист. Симптоматично е што сето ова се случува во очи на претседателските избори, пренесува Магазин.

Останува отворено прашањето кој сака да ја стави под целосна контрола телевизија Сител, една од најгледаните телевизии во Македонија. Со оглед на фактот што сме претседателски избори кои се клучни за иднината на политичката кариера на Зоран Заев, лесно можеме да дојдеме до заклучок. Имено Заев во повеќе наврати посочи дека доколку СДСМ и Пендаровски ги загубат претседателските избори, следуваат предвремени парламентарни избор кои многу веројатно СДСМ повторно ќе ги изгуби. Во моментов повеќе анкети говорат за mpтва трка помеѓу Силјановска и Пендаровски, што значи дека медиумската контрола може да биде преcyдна за победата на претседателските избори.

,,Ocтавката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни пpитиcoци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам.

На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолаг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес.

За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.

За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.

Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.

ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива.

Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.

На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега, се вели во оставката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This