April 24, 2024, 12:01 am

КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ВОЗОТ ЛОШ? Мегафоните на СДСМ ужаснати и во паника од глетката во новиот воз!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На дел од т.н. „портали“ на опозицијата, попладнево осамнаа „информации“ за наводен транспорт на мистериозен објект, спроведуван под будното око на полицијата низ Македонските автопати. Ништо чудно, дури и логично би било за СДСМ еден воз да личи и на НЛО имајќи во предвид дека во текот на целото нивно постоење не им паднало на памет да размислуваат за набавка на нови возови

voz_policija_sdsm

Од опозицијата се толку ужаснати од глетката на новата инвестиција во ултра-модерна железничка локомотива, па не успеале ниту да препознаат за што станува збор, туку побрзале со шаблон теориите на заговор за ВМРО-ДПМНЕ. Но како што знаеме, најчесто причината за страв е непознатото, а имајќи во предвид дека од СДСМ никогаш не помислиле на инвестирање во нови возови, за нив нова локомотива е еднакво на НЛО.

voz-640x480

На фотографиите од кои опозицијата е толку ужасната, всушност се гледа новата локомтива, шеста и последна по ред од инвестицијата на Владата на Р.Македонија во висина од 250 милиони евра, за набавка на шест ултрамодерни електрични и дизел патнички гарнитури.voz1-640x480

voz11-640x426

nov-voz

Новиот воз е навистина своевиден споменик, како што и стои во бедната лага на т.н. портал „Центарњуз“, меѓутоа споменик на неспособниот СДСМ кој во целото време додека беше на власт не ни помисли да набави нешто вакво. Кога вака ќе се постават работите, стравот на СДСМ од новиот воз е и – оправдан.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This