Кој стои зад НОН-ПЕЈПЕРОТ кој го 3AПAЛИ БAЛKAHOT: Byчиќ е пpoтив paзмена на тepитории и промена на гpaниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не видел ниту карта ниту план за промена на границите на Балканот.

„Фактот дека некои сакаат тоа веднаш да и го припишат на Србија, кажува многу за нив“, а мислам на одредени кругови во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Загреб“, рече тој во интервју за Б92 за наводниот нон-пејпер на словеченчкиот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека тој не може лажно да го обвини Јанша без да го види тоа.

„Премиерот Јанша е отворен човек, имавме сосема различни ставови во 90-тите години на минатиот век, но тој е искусен човек, имаше долга кариера, а помина и еден период зад решетки. Тој е некој што има лично достоинство и цврсто заговара некои ставови. Ќе ве излажам ако кажам дека сум видел некакви мапи или планови“, објасни Вучиќ.

Тој вели дека не може да се согласи со обединувањето на Косово и Албанија, а го почитува и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, додвајќи дека најважно за Србија е мирот и целосната стабилност, а ова вклучува продолжување на преговорите со Приштина.

Претходно и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оцени дека се работи за безвредна хартија зад која не верува дека стои Љубљана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This