Кој ќе биде новиот претседател на САД?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот професор Хелмут Норпот, кој погоди пет од последните шест победници на изборите за Белата куќа, тврди дека Доналд Трамп има 91 отсто шанси повторно да биде избран за претседател на САД.

Тој се повикува на „примарниот модел“, кој како параметри зема сосема други фактори од анкетите според кои, засега води Џо Бајден, како кандидат на демократите.

Овој модел, истакнува Норпот за „Фокс Њуз“ ги дава точните победници во 25 изборни циклуси од вкупно 27.
Моделот затаил само во два случаи – кога Џон Кенеди победи во 1960 година и во 2000 година кога е реизбран Џорџ Буш Јуниор.

Норпот истакнува дека Бајден е во многу послаба позиција од Трамп, зошто е помалку активен во кампањата.

Тој укажува дека ентузијазмот на гласачите исто така е важен фактор, а тука Трамп е во предност.

Моделот на кој се повикува Норпот му овозможи пред изборите во 2016 година, и покрај анкетите кои ја фаворизираа Хилари Клинтон, да ја најави победата на Доналд Трамп.

Истовремено, некои официјални анкети му даваат предност на Бајден од 8,7 проценти.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 4. ноември годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This