КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ БРАЈАН ХОЈТ ЈИ НА ФУНКЦИЈАТА: Спутник ексклузивно дознава кои се предлозите за замена на Хојт Ји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател има три опции за кои размислува како замена за Брајан Хојт Ји на функцијата која ја обавуваше на Балканот, а меѓу нив се двајца бивши амбасадори од Приштина и Босна, додека третиот е личен фаворит на Трамп

Доналд Трамп, американскиот претседател, би требало во наредните две недели да обелодени кој ќе го замени Брајан Хојт Ји на функцијата која ја обавуваше како заменик помошник државен секретар на САД за Балканот. Во моментот на таа функција го заменува Метју Палмер, американски ветеран во дипломатијата и добар познавач на приликите на Балканот, а воедно и голем заштитник на Брајан Хојт Ји.

Извори на Спутник тврдат дека ова прашање е толку важно за албанските и босанските лобисти во американскиот Конгрес, што на луѓето кои имаат влијание на Трамп се врши невиден притисок. Како што стојат работите во моментот, на Трамп му се предложени три лица за оваа функција.

Првата опција е бившиот амбасадор на САД на Косово од периодот на администрацијата на Клинтон – Кристофер Дел. За него од „петни жили“ лобираат албанските лобисти и поборници на надворешната политика која ја водеше Бил Клинтон на Балканот. Ако овие шпекулации се остварат, Дел, освен тоа што би имал силно политичко влијание кога станува збор за косовското прашање, наводно, има и лични интереси, бидејќи, како што се шпекулира, истиот е во тесни бизнис интереси со американската корпорација која учествува во изградба на патот од Тирана до административната линија до Мердар. Американската фирма која учествува, покрај Труција, во оваа изградба има околу 15% од вкуната вредност на работата, а договорениот износ, како што се тврди, е поголем од 620 милиони евра.

Втората опција, која според изворот на Спутник е личен предлог на Трамп, е помлад анонимен дипломат без искуство и наводно нема никакви допирни точки со овој дел од светот.

„Само помал круг на луѓе околу Трамп знаат за кого точно се работи. Наводно е младо лице кое се истакнало во кампањата на Трамп, и се смета дека доследно ќе ја спроведува неговата надворешна политика, затоа што на Балканот му е потребно ново лице во склад со новата надворешна политика која Трамп ја преферира“, наведува соговорникот за Спутник, со напомена дека ова би можело да биде мач со две острици, со обзир на заплетканите прилики во регионот.

Како трета опција се споменува името на бившиот амбасадор на ОБСЕ во БиХ – Џонатан Мур.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This