КОЈ ЌЕ ГО ЛАПНЕ СКАПИОТ „МЕРЦЕДЕС С600 ГАРД“: Заев го ветил скапиот „Мерцедес“ по багателна цена – Владата го продава по багателна цена многу пониска од понудите на пазарот на користени блиндирани возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блиндираниот мерцедес станува симбол на расипништвото на новата власт која се чини дека само заради политика и лични интереси се расфрла со пари на граѓаните.

Иако , блиндираното возило беше набавено во законска и транспарентна процедура, портпаролот на владата, кој е платен од граѓаните излезе со невистинита политичка изјава напишана во партискиот штаб на СДСМ, дека истиот бил симбол на нетранспарентното трошење на парите на граѓаните. Вистината е дека е набавен на тендер, иако таквата набавка можела да се реализира и без да се распише јавна набавка.

Одлуката да се продава блиндираното возило е симбол на деструктивноста и безидејноста на владата на СДСМ.

Сумата за која што Владата на СДСМ го нуди блиндираното возило е далеку од реалната вредност и претставува директна штета на буџетот на државата. Некој од оваа владина одлука дебело ќе профитира, а државата ќе остане без соодветно возило за транспорт на високи гости кои пристигнуваат во Република Македонија. Граѓаните ќе мора да плаќаат при секое пристигнување на високи делегации кои заради безбедносните проценки ќе треба да бидат превезувани во возило со соодветна заштита.

Пред да биде набавено блиндираното возило, министерството за внатрешни работи собираше понуди за користени блиндирани возила кои се неколку пати повисоки од цената по која што актуелната Влада го продава мерцедесот.

Одлуката на Владата е расипништво и остава сомнеж дека купувачот е однапред договорен.

Имено вовозилото е набавено од претходната влада за превезување на високи делегации на странски државници и високи претставници на ЕУ и НАТО, а меѓу другото редовно е користено и од актуелни претставници на македонската влада. Блиндираното возило е специјално набавено за потребите на владата и е возило со степен на безбедност кој ги задоволува сите светски стандарди.Возилото е набавено пред неполни две години за помалку од 600 илјади евра, а сега владата го продава за багателна цена од 230 илјади евра.
До нашата редакција пристигнаа информации за понудите кои ги прибирало Министерството за внатрешни работи за набавка на користено возило, пред да се одлучи да набави ново. На пример возило БМВ 760LI HIGH Security (HP81) со можност за бегство во итни случаи, сензори за солзавец, специјален систем за спроведување свеж воздух во случај на напад со гас, специјален систем за гаснење пожар и друга дополнителна безбедноста опрема, ова возило половно што значи користено со две години гаранција чини неверојатни 567.616 илјади евра.

 

Возило пак марка Ауди А8 6.0 W12 Quattro Security со имобилизатор при обид за кражба, целосна заштита на кабина од огнено оружје категорија VR6/VR7 според Европски Стандард исто така половно чини висока сума од 328.412 илјади евра.

После овие сознанија логички се поставува прашањето како може возило од сличен тип да биде проценето и понудено на аукција по толку ниска цена од 230 илјади евра. Сето ова остава простор за шпекулации дека со продажбата за толку ниска цена на владиниот Мерцедес некој од високите функционери во владата ќе имаат голем бенефит.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This