April 26, 2024, 10:35 am

Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок 19 милиони евра- дали Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ Зењели?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој ќе сноси одговорност за скандалот со ПИОМ? Дали Мила Царовска или директорот на ПИОМ Шаип Зењели? СДСМ за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок десетици милиони евра? Дали Мила Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ Шаип Зењели? Или, според нас најдобро е и двајцата да си дадат оставки, а Јавното обвинителство да отвори случај и да ги сослуша и актуелниот директор на ПИОМ и министерката на СДСМ Мила Царовска. Дали Царовска се обиде да ги прелаже пензионерите за својот неуспех како министер и вината да ја префрли кај коалициониот партнер од владата ДУИ и кај нивниот директор поставен Шаип Зењели?, запраша Арсовски и додаде:

„Ова е голем скандал за кој е одговорна директно владата. Главното прашање е дали има проневера, колкава е проневерата и кој ја извршил проневерата со парите од пензискиот фонд? Овој скандал со проневера на парите од ПИОМ кој го обзнани Царовска и кој во моментов е актуелен мора да има завршница и некој од надлежните мора да сноси одговорност. Или Царовска или директорот Зењели. Во обид да привлечат ситни политички поени и да си ја прикријат својата неспособноста, СДСМ и ДУИ сега треба да испорачаат оставки на Царовска и Зењели и потоа да се реши случајот и да се обзнани кој од нив двајцата е виновен за овој скандал. Е заради сите овие вакви афери и криминалии на власта, треба да има предвремени парламентарни избори на кои што конечно оваа криминална, транзициона влада ќе падне и ќе замине во историјата, а сите предизвикувачи на криминал ќе заминат во затвор каде што им е местото“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This