Кој ќе ја обезбедува службата за општи и заеднички работи во владата за 2,5 милиони евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СОЗР, Бирото за судски вештачења и Бирото за метрологија и уште повеке од триесетина други објекти, претежно подрачни единици на министерства низ државата, се на списокот на објекти за кои е објавен тендерот за обезбедување, вреден 2,6 милиони евра. Се бараат 157 обезбедувачи а главен критериум за избор е најниска цена.

Овој тендер е дел од поголем тендер кој претходниве три години беше во рацете на фирмата „Секјуриком“ и за него се води истрага, потврди директорот на СОЗР Пеце Мирчевски. Во март годинава финасиската полиција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и соизвршителство за сопственикот на фирмата „Секјуриком мултисервис интернационал“ и за екс директорот на СОЗР Васе Доневски кој доби и притвор. Договор со „Секјуриком“ истекува во август, вели Мирчевски.

Според критериумите во тендерот понудувачот треба да има на располагање 350 работници, кои поседуваат службени легитимации за обезбедување издадени од Комората, да има најмалку два договори за физичко обезбедување во последните 3 години, со ист или поголем обем. Да има на располагање најмалку 70  парчиња огнострелно оружје и најмалку 20 патролни возила. Како услов е наведено и фирмата што се пријавила да има речиси три милиони евра приход секоја година, поединечно за последните три години. Од 50 агенции за обезбедување колку што се наведени на веб страната на комората за обезведување, не повеке од 10 агенции имаат над 350 вработени, велат добро упатени извори. Мирчевски негира дека со ова се исфрлаат од игра помалите фирми

Во чии униформи ќе бидат обезбедувачите на четириесетината објекти ќе се знае во септември кога се отвораат понудите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This