КОЊУШАРОТ ОД МВР НАРАЧАТЕЛ НА ПОЛИТИЧКИ ХАЈКИ ВО СЈО: СДСМ преку Фрчковски врши нарачка на политички елиминации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најинкриминираните лица на СДСМ, иделог на партијата и стравствен поддржувач на граѓанска војна како начин за вршење на идеолошко чистење на државата Љубомир Фрчковски, денес беше забележан како излегува од просториите на СЈО

frle_SJO

Човекот кој целата своја политичка кариера ја помина во насловните страни, како една од страните вмешана во голем корупциски скандал, афера или криминал, денес беше гостин на вонинституционалното Обвинителство, именувано како Специјално согласно договорот од Пржино.

Што друго би правел човек кој во својата кариера беше обвинуван за шверц со цигари, незаконски набавки на коњи за МВР, рејбан очила, автомобили за полицијата без склучен тендер, договорен во четири очи со шурата на Бранко Црвенковски, како и ненадејното исчезнување на голема количина на висококвалитетен кокаин од депото на МВР, освен да направи мафијашка нарачка за политичка елиминација на неистомислениците.

Согласно праксата според која работи СЈО, а се граничи со партиска испотава на СДСМ, можноста дека денешната посета на Фрчковски во СЈО била нарачка на политичка елиминација преку неосновани обвиненија, врз кои подоцна ќе се налепи соросоидната пропаганда, а ќе служи како основа за прес конференции на СДСМ на кои ќе се измислуваат непостоечки ситуации, со единствена цел фрлање на дамка врз раководството на победничката ВМРО-ДПМНЕ.

Досега, нарачките беа јавни, а беа испраќани како пораки на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој јавно на граѓански собири нарачуваше политички хајки како во времето на инквизацијата.

Овој пат, човекот кој тепаше жени на паркинг е ставен во служба на курир и сценарист на нарачките на Заев и СДСМ за политичка елиминација на неистомислениците. Всушност, јавна тајна е дека Фрчковски длабоко има вмешано прсти во нерасчистениот атентат врз првиот претседател на Р.Македонија Киро Глигоров, но и падот на „Кингерот“ на Борис Трајковски, со што дефакто претставува „експерт“ за политичка елиминација.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This