,,КО ТО ТАМО ПЕВА”: Османи тргна кон Европа од Кале со двокатен автобус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од паркингот на Скопско Кале на симболичен начин – поаѓајќи со автобус го означи почетокот на новото поглавје на европските интеграции на Република Македонија. Османи е дециден дека оваа година почнува преговори иако не се знае дали тоа ќе биде на јунско-јулските самити или потоа и ги повика граѓаните да бидат оптимисти и горди на тоа што сме го постигнале а што е нотирано во Извештајот на Европската комисија.

-Имаме право да бидеме горди затоа што ги отстранивме сите пречки, ги создадовме сите услови, и како што е прецизно наведено во Извештајот на Европската комисија, создадовме држава подготвена за старт на преговорите, истакна Османи.

Вицепремиерот потенцира дека тргнавме во втората фаза и од тоа нема веќе назад. Процесот, според него, ќе има угорнини и надолнини, но ќе значи и трансформација на општеството. Позицијата на Македонија е датумот за почеток на преговорите да го добиеме на јунско-јулските самити.

-Битно е дека оваа година почнуваме преговори, тоа е константа. Сега моментот на донесување на одлуката за првиот состанок дали ќе биде на јунско – јулските самити или веднаш по летото. Ние инсистираме на јунско-јулските самити не прецизирајќи јуни или јули бидејќи после летото постојат многу непредвидливи моменти. Брегзит е закажан за октомври, изборите во Грција, нова Европска комисија ја превзема функцијата на 1 ноември… Нашето инсистирање е да го гарантираме во јунско-јулските самити, рече Османи.

Во последниот период има интензивирање на дипломатските активности за Република Македонија да добие почеток на преговорите, за што вицепремиерот вели дека се прават серија напори кои сега се поткрепени со новиот Извештај на Европската комисија оценувајќи го како објективен и прецизен. Османи и Димитров синоќа се вратија од Брисел, а претходно тој беше на разговори во неколку европски престолнини.

Единствениот начин да стигнеме до ѕвездите е да чекориме и да работиме сите заедно. Секој од нас мора да тргне од себе и…

Posted by Secretariat for European Affairs on Saturday, June 1, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This