КПГ: Договорот од Преспа е производ на империјалистички сили и изнyдyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред два дена КПГ имаше прес-конференција во која наведе дека не го поддржува Преспанскиот договор затоа што „е производ на империјалистички сили“, а не на Грција и Македонија.

“Ова е договор направен буквално од НАТО, САД и Европската унија. Тоа е дел од еден поголем проект кој има за цел да се спречи влијанието на Русија и другите конкурентни земји на Балканот, преку таканаречениот процес на “евро-атланската интеграција” како што го нарекуваат. Тоа е да се обезбеди интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО и во ЕУ.“, објави КПГ.

Од таму додаваат дека со овој договор се турка хегемонистичка позиција на Грција на Балканот и во регионот, но не ги оправдуваат националистички извици, разните националистички и фашистички формации на собири и иредентистичките говори и слогани и историски паушални тврдења од страна на другите опозициски партии, особено на Нова Демократија.

„Комунистичката партија ќе гласа против Договорот за Преспа, како што е јасно од самиот почето, бидејќи тој е производ на брутална интервенција во регионот, изнудување и можност на некои функционери да ги промовираат своите опасни планови. Нашиот слоган е Не за договор Ципрас – Заев, не за американските планови, НАТО и ЕУ. ДА за пријателство и заедничката борба на народите“, беше истакнато во прогласот.

Вчера Комунистичката партија на Грција имаше тематска конвенција на Родос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This