КРАДЦИ ВЛЕГОА ВО КУЌАТА НА КАРАКАМИШЕВА:

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

(ФБ статус на професорката Тања Каракамишева- Јовановска)

 

На најголемиот Христијански празник, Божиќ умоболни типови влегле во нашата семејна куќа и се ничкосале.

Испревртиле се наопачки, распослале се по земја како што нивната умоболна душа е извртена и распослана по Ѓаволските патеки.

Со крадење од нашите деца сакаат да видат раат и убав живот.

Ама тоа не оди така забегани отпадници. Можеби денес ви дојдоа вашите пет минути ЖИВОТ кој ви го дава оваа власт, бидејќи власта ве штити и амнестира, ама Господ е еден и голем и ќе ви наплати за сите сторени гревови.

Народот ќе почне да се самоорганизира и да се самоодбранува од вас ништожници едни никакви, но и од вашата пајташка власт која ве толерира и брани.

И да биде трагедијата поголема вчера дознав дека во град Скопје има САМО ДВЕ КРИМ УВИДНИ ЕКИПИ, една што работи 12 часа составена од ДВАЈЦА крим техничари и втората другите 12 часа!

Каква мизерија и беда. Во главниот град на државата САМО 4 ЛИЦА СЕ ЗАДОЛЖЕНИ ДА СЕ СПРАВУВААТ СО СИТЕ КРАЖБИ, ПОЖАРИ и други неволји што ги снаоѓаат луѓето.
Министерот Оливер очигледно мува не го лази што апашите царуваат, што налудничавите станаа главни фаци во градот. Нивниот живот треба да го трпиме сите ние семејни луѓе и да стравуваме за животот на нашите најмили.

ДОЈДЕ ВИСТИНСКИ ЖИВОТ ЗА АПАШИТЕ И КРИМИНАЛЦИТЕ!

ЕТЕ ТОА НИ ДОНЕСОА ЗАЕВ, РАДА, ОЛИВЕР И ОСТАНАТИ ВЛАДИНИ ПАПЕТИ!

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This