КРАЖБАТА ПРОДОЛЖУВА: Уште еден функционер на СДСМ добил пари од Фондот за иновации – Никола Мемов се офајдил со државни пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека, но сигурно пљачката на државните пари од Фондот за иновации достигнува епски размери, и многу веројатно ако не во Европа тоа е еден од најголемите грабежи на Балканот, каде пленот изнесува неверојатни 10,5 милиони евра. Секојдневно по порталите можете да прочитате нови имиња блиски до СДСМ, владини функционери, медиумски работници кои добиле милионски суми од Фондот.

Најновото име кое се појави во јавноста како добитник на грант од Фондот за иновации е Никола Мемов кој е член на СДСМ уште од 90-тите години. Покрај вицепремиерот Анѓушев, пратеникот на СДСМ Хари Локвенец и советничката на Заев Ласкова сега дознаваме дека и Мемов се офајдил со државни пари. Порталот, Јоци.мк во сопственост на новинарката Јорданка Ивановска- Јоци пренесува дека бидејќи Мемов и актуелниот директор на ФИТР, Јован Депсотовски се долгогодишни членови на СДСМ, веројатно се познаваат од времето кога заедно биле дел од подмладокот на паријата, СДММ.

На неговиот Фејсбук профил јасно се гледа дека во моментов Мемов е активен член на СДСМ, и е во блиски односи со актуелното највисоко раководство. Меѓу другото тој и јавно на својот Фејсбук профил се пофали дека е добитник на грант од ФИТР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This