КРАЖБА ОД 200.000 ЕВРА ВО „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“: Поштар ги „одрал“ жителите на Штип и Злетово – им ги крадел пензиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Злетовци останаа со испразнети сметки и штедни книшки. Бројката на измамени жители секојдневно се зголемува. Според мештаните кои денеска застанаа пред камерата на Телма од нивните сметки и штедни книшки поранешен службеник во Македонска пошта со години наназад успевал да испумпа голема сума на пари, но и да не им ги внесува на книшките.

Според проценките на измамените штета се движи и до 200.000 евра. Најголем дел се пензионери, кои како што велат штеделе да не бидат на товар на децата, но и да им помогнат. Вера Стојановска која шест години штедела, сега има само еден денар на книшката.

Скнадалот се открил на почетокот на месецот, кога еден пензионер наместо да ги извади парите од поштата во Злетово, застанал на шалтерот во Штип, но оттаму му рекле дека на сметката нема 5.000 евра, како што тврдел. Поштенскиот службеник бил суспендиран, но откако случајот почнал да се расплетува на 6 јули се самоубил. Мештаните меѓу кои блиски роднини и пријатели му верувале, па и своите штедни книшки ги оставале да ги чува, како што велел во сефот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This