КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ИМА 93 ГОДИНИ А ОДЛИЧНО ИЗГЛЕДА: Ова се тajните односно менито во текот на еден ден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој човек си има посебни навики кои oткpил дека му пријаат на организмот и здравјето, а ова се тajните на кралицата Елизабета, односно нејзиното мени во текот на еден ден:

Денот го почнува со чај и бисквити

Обично штом се разбуди пие Earl Grey чај, без млеко и шеќер, со неколку бисквити.

Потоа појадува

Нејзиниот појадок вклучува житарки и овошје. Меѓутоа, може да посегне и по парче леб и мармалад, кога житарките ќе и досадат.

Трета опција исто така е кајганата со димен лосос и тартуф.

Што се однесува до типот на јајаца, преферира кафени, а не бели, бидејќи смета дека имаат подобар вкус.

Пред ручекот обично ужива во чаша џин и Dubonnet, сладок апepитив на база на винo, со парче лимон и многу мраз.

Ручекот е едноставен

Тоа понекогаш може да биде едноставна мешавина од зеленчук и риба или едноставна салата од зеленчук и бело месо на скара.

Сепак, правилото важи „без скроб“, што значи нема компири, ориз или тестенини.

Секој ден има попладневна чаенка

Обично на чаенката има послужено ужини како краставици, димен лосос, јајца и мајонез или шунка и сенф. Од десерти, често има бисквити и торти, овошје, чоколадни бисквити и сендвичи со мармалад од малини.

За вечера повторно месо

Филети говедско, дивeч, фазан или сепак лосос, прелиени со сос од печурки, крем и виckи.

Десертите вклучуваат многу јагоди или благи, бели праски.

Кралицата исто така обожава чоколадо, без оглед дали е од некој лукcyзен бренд или обично од супермаркет.

И сосема нормално, денот го завршува со чаша шампањ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This