- Advertisement -
Сите мислат дека секој член на кралското семејство има личен возач, но британската кралица Елизабета и на 90 години и понатаму сама се вози.
Таа ужива во возењето и како што му доликува на еден суверен монарх, таа не сака мали, таканаречени „женски автомобили“, туку сака да вози голем џип, сака да вози „ренџ-ровер“.
Вработените во Бекингем палатата велат дека кралицата есто ги развезувала членовите на своето семејство, но и гостите.
Во Втората светска војна како член на армијата кралицата била униформирано лице кое го положило целокупниот курс за механичар.