March 29, 2024, 10:20 am

КРАЛИЦАТА ИЗБЕГНАЛА АТЕНТАТ: Британскиот монарх ја избегна смртта при официјална посета на Нов Зеланд во 1981

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот монарх чудесно ја избегна смртта за време на нејзината официјална посета во 1981 година, бидејќи безбедносните служби, наводно, се бореле за да го прикријат инцидентот од печатот.

Полицијата во Нов Зеланд повторно го отворила овој децениски случај во врска со обидот за убиство на кралицата Елизабета Втора, бидејќи неодамна се појавиле тврдењата за обиди за прикривање на случајот.

По јавно објавување на неверојатни детали за речиси успешниот атентат на кралицата, полицискиот комесар на Нов Зеланд, Мајк Пуш, објави дека издал наредба на неговиот заменик “да го надгледува испитувањето од страна на тековниот истражен персонал во предмет”.

Полицискиот комесар ја повика јавноста да покаже воздржаност, бидејќи “испитувањето на старите документи ќе потрае некое време”.

” Полицијата на Нов Зеланд ќе го сподели исходот од истрагата откако ќе биде завршена”, изјави тој.

На 14 октомври 1981 година, напаѓачот тинејџер Кристофер Џон Луис ја имал кралицата на нишанот на неговата пушка, која тогаш била во официјална посета на Нов Зеланд.
Луис пукал, но промашил.

Истрелот бил чуен и од британските и новозеландските безбедносни офицери распоредени на локацијата да ја штитат кралицата.

Според неодамна објавените документи од британската тајна разузнавачка служба (МИ-6) на нивната веб-страницата во кои се вели дека тој претставувал сериозна закана.

“Луис имал намера да ја убие кралицата, но немал соодветна гледна точка од која требало да пука, ниту доволно моќно оружје за да стигне до целта”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This