КРАЛИЦАТА МУ СЕ НАЛУТИ: Трамп не ги почитуваше кралските протоколи, кралицата се налути!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп се сретна во замокот Виндзор во Лондон со кралицата Елизабета Втора.

Пред тоа, тој се состана со британската премиерка Тереза Меј, додека на улиците протестираа околу 100.000 луѓе, а многумина очекуваа на состанокот со кралицата да го прекрши протоколот.

Како што пишуваат британските медиуми, тој успеа да го направи тоа, двапати за само неколку секунди.

Во многу снимки, беше забележано дека Трамп додека се движеше пред кралската гарда беше малку збунет, а тој направи неколку чекори одејќи пред кралицата. Кралицата потоа мораше да ја избере страната кога Трамп малку подзастана.

Пред тоа, Трамп и неговата сопруга Меланија, го прекршија протоколот кога се поздравуваа со кралицата. Имено, ниту еден од нив не се поклони, туку едноставно се ракуваа.

Инаку, поклонувањето пре кралицата не е обврска, но се смета како добар манир и се практикува од страна на речиси сите кои се сретнале со кралицата пишува “Индипендент”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This