КРАТКА АНАЛИЗА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Либискa нафта – Двојнатa игра на Емиратите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку да не си мислиме дека само Балканот е буре барут и дека само на Балканот е “линијата на оганот“ што ја најави бившата владеачка гарнитура во Вашингтон. И, секако, да не си мислиме дека само Црна Гора е во фокусот на интерестите и “шупотењата“ на Трамп и Путин.


На јужниот брег на Медитеранот, не така далеку од нас, супер богатите Обединети Арапски Емирати водат двојна игра. Имено, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) јавно ги признаваат резолуциите на Советот за безбедност на ООН (2259, 2278, 2362). а со тоа официјално се задржуваат исклучиво на тоа да Националната нафтена компанија (НОК) го има правото на извоз нафта.

Но зад сцената, исто како и во случаите со Република Српска, Косово и Метохија и Македонија важечките резолуции на Советот за безбедност на ООН не само што не се почитуваат туку и флагрантно се кршат. Позицијата на ОАЕ е многу повеќе амбициозна зад сцената. Во нафтената битка која актуелно беснее во Либија, Емиратите се обидуваат да го направат својот профит преку омаловажување и непочитување на меѓународните правила, што би можело да доведе до дефинитивна експлозија на либиската држава. Либиска држава сега поделени во две влади со сопствен парламент и свои армија: на запад, Владата на Националната Антанта (ГНА) родена во 2015 признати од ОН и со седиште во Триполи; А на исток во Бенгази се силите контролирани главно од маршал Калифа Хафтар, поранешен офицер на армијата на Гадафи, дебело поддржан од ОАЕ.

Тоа е влијание кое Абу Даби сака да го зајакне за да стане клучен играч во либиската економија, особено во нафтата и медиумски сектори. Под заеднички притисок на САД и Франција во средината на јули, изгледа дека Емиратите за нијанса ја ублажија својата поддршка за Хафтар. Но, многу поверојатно е дека се работи за “лажен цепелин“ бидејки Емиратите се главните финансиери во трката за вооружување на Маршал Хафтар во Либија.

Миленко Неделковски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This