КРАЈНАТА ЦЕЛ Е ИМЕТО: Бујар Османи денес потврди дека по потпишувањето на погубниот договор со Бугарија и двојазичноста, не ред е името!

Поврзано

- Advertisement -
После капитулантскиот договор за добрососедство со Бугарија и официјализирањето на тиранската платформа како владина програма со законот за двојазичност, Османи и официјално го најави она што многу граѓани и политичари од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија го говорат одамна – „крајната цел е името“
- Advertisement -

„Владата во следниот период ќе се фокусира на прашањето на името со цел завршување на евроинтеграциите. Ова прашање веќе станува приоритет на Владата. Ние завршивме две крупни прашања – прашањето на јазикот и на договорост со Бугарија. Сега имаме енергија да се фокусираме на прашањето на името“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања во Владата на Зоран Заев.

Ова го најави и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кога бараше поддршка од граѓаните да не се дозволи официјализирање на тиранската платформа во владина програма имајќи го предвид комплетното сценарио кое треба да финишира со промена на името.

Денес сите поддржувачи на СДСМ кои ја негираа тиранската платформа и сакаа да создадат впечаток дека таа не постои, со законот за двојазичност се потврди нејзиното постоење. Бројни експерти се изјаснија дека законското решение го крши уставот и го нарушува унитарниот карактер на Република Македонија.

За договорот со Бугарија и најтврдите националисти кај источниот сосед се презадоволни од отстапките кои владата на Заев и СДСМ ги направија прифаќајќи ги сите максималистички барања на Бугарија, без да се изборат за ниту едно прашање од национален интерес на Македонија. Во меѓувреме СДСМ дома „го продава“ договорот како голем успех кој Македонија ќе ја приближи кон евро-интергациите.

Сега и промената на името која исто така беше негирана како дел од овој поголем план, доаѓа на дневен ред и тоа го признава и вицепремиерот Бујар Османи.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This