КРАЈ ЗА КАРИЕРАТА НА КАСИЉАС: По операцијата шпанскиот голман нема да може да се врати на фудбалскиот терен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако од лекарскиот тим на Порто изјавија дека сè уште е рано за прогнози околу евентуалното враќање на Икер Касиљас на терените, шпанскиот кардиолог Хуан Антонио Корбалан смета дека голманот мора да ја прекине кариерата.

Инфарктот е многу сериозна работа, вграден му е стент и тоа значи крај на криерата. Икер нема да може повторно да се занимава со професионален спорт. Тој ќе може да води нормален живот но приказната околу спортот за него е завршена, изјави Корбалан.

Шпанскиот голман веќе се чувствува подобро откако вчера на тренингот на Порто доживеа срцев удар и беше итно опериран во локална болница. Неговиот менаџер Карлос Кутропија изјави дека голманот на Порто не знаел што се случува со него, и докторите му ја кажале вистинската дијагноза и причината за оперативниот зафат откако сè завршило најдобро по Касиљас.

Ова е неговата најголема победа во животот. Никогаш во животот немал никакви симптоми, ниту пак на редовните здравствени прегледи му било откриено нешто. Сите сме шокирани но најважно за мене и сите околу Икер е насмевката откако сè се заврши. Изгледа посреќно од моментот кога со Шпанија триумфира на Светското првенство. Интересно е што Икер не беше свесен што се случува со него. Лекарскиот тим на Порто заврши фантастична работа, реагираа веднаш и немаа време да му ја соопштат вистинската дијагноза туку тоа го сторија докторите кои го оперираа, изјави Кутропија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This