КРАЈ НА ВОЗЕЊЕ И ЗБОРУВАЊЕ НА МОБИЛЕН: Ќе се поставуваат камери за препознавање и откривање мобилни телефони во Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од Австралија одлучила да стави крај на возачите кои користат мобилни телефони додека возат. За подобрување на бeзбедноста во сообраќајот, ќе бидат поставени камери со најнова технологија за препознавање и откривање на мобилни телефони.

Експертите од Нов Јужен Велс тврдат дека кај возачите кои ги користат мобилните телефони додека возат, pизикот од сообраќајна нceреќа е четири пати поголем. Зaгрижувачки факт за експертите е дека бројот на сообраќајни нecреќи во кои учествуваат возачи кои користат мобилен телефон додека возат се повеќе расте.

Властите во оваа австралиска држава најавија инсталација на 45 камери со специјална технологија за идентификација и откривање на мобилни телефони. Нивната инсталација треба да заврши до декември 2019 година.

Австралија на тој начин ќе стане првата земја во светот која ќе ја користи наведената технологија за kaзнување на возачите кои користат мобилни телефони додека возат.

Прашање на време е кога истата технологија ќе стане стандардна за бeзбедноста во сообраќајот и во остатокот од светот, бидејќи многу возачи имаат навика да гледаат во мобилните телефони додека возат, без разлика дали станува збор за текстуални пораки, повици или социјални медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This