March 28, 2024, 10:11 am

КРАЈ НА ДОЛГОГОДИШНАТА ВРСКА: Друг пејач причина за разделбата на Ирена и Орце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно, Орце пред десетина дена се иселил од нејзиниот стан, пишува порталот „7дена“. Според извори на порталот, причина за разделбата е тоа што Ирена имала друго момче, музичарот Амети Мухамедали- Мухи.

Дека е крај на врската потврдил и Гелевски.

-Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас  нема што друго да кажам.  Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници, вели Орце.

Пејачката негирала дека има друго момче.

-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, вели таа.

Пејчот Мухамедали за порталот рекол дека нема што да изјави.

„Јавна тајна е врската меѓу Ирена и Мухи. Цела естрада тоа го знае“, велат нивни колеги. Според нив Ирена и музичарот  веќе три години биле во врска и дека станува збор за голема љубов. Тоа ним им го раскажал и Мухи,  со уште многу детали од нивната врска. Тој живеел во странство, но од љубов кон  Ирена се вратил во Македонија и сега на свирките настапуваат заедно, пишува порталот „7 дена“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This