КРАЈ НА ЉУБОВТА МЕЃУ МИГРАНТКАТА НОРА ОД ИРАК И БОБИ ОД КУМАНОВО – ПАРОТ СЕ РАЗВЕДЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак, речиси немаше некој кој не веруваше во тоа дека нивната љубовна прикзана е како од романите.

За нив пишуваше целиот регион.

Новинарски текстови, интервјуа за нив, за љубовата која се случила на Табановце, во транзит центарот,за тоа дека Нора од муслиманка стана православна, иако родителите не го одобруваа тоа.

Приказна за која долго се зборуваше.

Сепка, на љубовта и дојде крајот.

Партот се раздели, а пред само една година им се роди синот.

Нора заминала за Ирак, Боби е тука во Куманово.

„Со Нора не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак.

Јас сум тука . Толку ќе кажам. Ние ги знаеме причините и остануваат такви кави што се “, изјавил Боби за „Фокус“.

Тој не сакал да одговори каде е нивниот син, дали заминал со неговата мајка, или е тука во Македонија.

Пред заминувањето, Нора за јавноста изјави дека причината поради која се враќа во Ирак е што состојбата таму сега била побезбедна, и таа сакала да им помага на беглаците во нејзината земја.

За потсетување, Нора Ирак го напуштила со семејството бидејќи ИСИС го зел нејзиниот татко и морале да платат многу пари за да биде ослободен.

Исплашени од состојбата во нивната земја, тргнале за Германија.

Но, во транзитниот центар Табановце го запознала Боби, во кого за кратко време се вљубила.

Набргу потоа тие направија свадба, а Нора стана православна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This