КРАЈ НА ЉУБОВТА: Се разведуваат Џорџ и Амал Клуни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разводот би можел скапо да го чини Џорџ Клуни, поточно 520 милиони долари.

Деновиве, во американските медиуми се шушка за разводот на американскиот актер Џорџ Клуни (57) и 40-годишната адвокатка за човечки права Амал Клуни. Џорџ изјавил дека приказната е измислена, но многумина мислат поинаку.

Како што наведуваат медиумите, Амал по жестока расправа со Џорџ си ги собрала работите и заедно со едногодишните близнаци Александар и Ела, побегнала во нивната куќа во Сардинија.

Извор близок на парот тврди дека Џорџ постојано ѝ праќал пораки и видео повици, бидејќи сакал да ги види децата, но таа го игнорирала. Изворот открил и дека Амал му порачала на Џорџ дека доколку дојде на Сардинија, ќе може да спие само во гостинската куќа.

Медиумите наведуваат дека разводот би можел скапо да го чини миленикот на жените ширум светот, поточно 520 милиони долари.

Да се потсетиме дека Џорџ првпат ја видел адвокатката за човечки права во својот дом на езерото Комо во Италија во 2013 година, а брачните завети парот ги разменил во Венеција на 27 септември 2014 година. Прославата траела цели три дена.

Парот последен пат бил виден во јавност на 6 декември на 23-годишното доделување на награди од здружението на дописници на Обединетите нации во Њујорк. Џорџ дошол како придружба на Амал, која тогаш ја добила наградата за Светски граѓанин за 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This