КРВАВИ ПАРИ: Извозот на американско оружје зголемен за 13 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продажбата на американско оружје во странство во текот на минатата фискална година, од 1 октомври 2017 до 30 септември 2018, е зголемeна за 13 проценти на годишно ниво, на вкупно 182,3 милијарди долари, соопшти Стејт департментот.

Најголеми извозници на американско оружје, кое вклучува бродови, тенкови, авиони, ракети и други производи на воената индустрија, се компаниите „Боинг“, „Локид Мартин“, „Рејтoн“, „Џенерал Дајнамикс“, и „Нортроп Груман“.

Според Стејт департментот, растот се должи на кампањата што во април годинава ја промовираше Администрацијата во Вашингтон под назив „Купувајте американско“, во чии рамки беа укинати рестрикциите при продажбата на оружје и американските претсетавници беа поттикнати да се ангажираат во склучувањето договори за продажба на производи од воената индустрија на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп се залага за зголемување на извозот на воена опрема и покрај забелешките на приврзаниците на контролата на оружјето и организациите за заштита на човековите права.

Постојат два основни начини странските држави да купуваат оружје од американските компании – преку директен договор меѓу соодветната влада и компанијата производител или преку продажба на оружје на странски вооружени сили врз основа на договор склучен со Пентагон.

Директната продажба на американско оружје на странски влади во посочената фискална година е зголемено за 6,6 проценти од 128,1 милијарди на 135,5 милијарди долари. Во исто време, продажбата на оружје на странски армии преку договори склучени со Пентагон е зголемена за 33 проценти на 55,6 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This