КРЕАТУРАТА ГЕРОСКИ САКА ДА БИДЕ И „СВЕТА КРАВА“: Се искараа и „револуционерните“ колеги Тодор Пендаров и Бранко Героски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Еве како оваа креатура (според карактерот) се обидува во настаните од понеделникот да го вовлече и министерот за внатрешни работи господин Оливер Спасовски. Во суштина на овој начин мислам свесно го компромитира господинот Спасовки. Имено пред настанот во понеделникот пред кафичот Манда тој по вибер на министерот му пријавил закана и демек господин Спасовски од функција министер му ветил некакви мерки против заканувачот Палевски?.. Е па, овој наш фолклорен Ганди сега сака да биде и „света крава“ – објави на фејсбук Тодор Пендаров како одговор на статусот на Бранко Геровски кој јавно го повикува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се вмеша во неговиот двобој со Љупчо Палевски.

“Светата крава“ со обични „цајкани“ не разговара туку само со министер. Тоа што се обидувал да го изманипулира министерот и да му каже дека пред да ја добие „заканата од Палевски“ овде на фејсбук се фалеше дека на баграта во Манда ке им го расплаче мамето мамино, а мене пред целата “багра ќе ме макља”. Е па, јас ниту пријавив во полиција дека оваа креатура од човек ќе ме макља ниту пак му се јавив на министерот да барам помош. Овој првоборец за слобода, за правна држава за функционални и професионални институции сега ни помалку ни повеќе бара заштита , интервенции од министер – напиша Пендаров.

Геровски во неговиот статус дури оди дотаму да „фарбањето“ го поврзува и со СЈО демек тој бил сведок во случајот СЈО ви за ви Палевски, случај во кој Палевски сега засега е осомничен. Со други зборови притворете го Палевски бидејќи се заканува на сведоците. Патем оваа „света крава“ заборава за да бидеш сведок треба пред тоа да има подигнато обвининие и од страна на Јавниот обвинител да бидеш предложен како сведок, објаснува Пендаров.

Тој најави дека од следната недела на неговиот профил ќе почне да објавува серијал под наслов “Големите новинарски дострели на Другарот Геровски”, како балканскиот Ганди пишува за диференцијација во некогашен Комунист, па се до настаните од 2001 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This