„Кревањето на знамето нема да ги покрие корупцијата на криминалниот картел на власт, хаосот во здравството, колабираната економија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев со својата криминогеност ниту може да донесе напредок на Македонија, ниту може да донесе подобар живот на граѓаните. Кревањето на знамето нема да ги покрие корупцијата на криминалниот картел на власт, епидемијата на непотизам, хаосот во здравството кој се плаќа со човечки животи, колабираната економија, уништено земјоделие порази на секој чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Огромно мнозинство во Македонија поддржуваше членство во ЕУ и НАТО и тој број е с’е уште голем, но цената која Заев им ја испорача на граѓаните е премногу голема. Тоа е резултат на неговата неспособност да ги заштити националните и државните интереси, а притоа да ги оствари стратешките цели. За жал поради властољубието и корумпираноста на Заев и картелот околу него денес се соочуваме со згазен идентитет и достоинство кое од ден на ден се надополнува со економски неуспеси, осиромашување на граѓаните, богатење на врхушката на власт и безнадежност на младите, стои во партиската реакција и се додава:

„Ваквата состојба во државата ќе трае се дури Заев е на власт. Неговиот пораз на избори ќе биде нова зора за граѓаните и успех за Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This