Кремљ загрижен поради деструктивната и провокативна политика на Британија во случајот Скрипал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Путин му соопштина на рускиот Совет за безбедност дека е “исклучително загрижен” од деструктивниот и провокативен став на Велика Британија поврзон со труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал, рече Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

“Во контекст на меѓународните прашања, се одржа детална дискусија за ситуацијата што се појави во руско-британските односи наспроти таканаречениот случај Скрипал”, рече Песков, како што пренесуваат руските медиуми. “Екстремната загриженост е поради деструктивниот и провокативен став на британската страна “.

Британската премиерка Тереза Мај ја обвини Русија за употреба на хемиско оружје на британска територија и објави пакет санкции против Москва, вклучувајќи го и протерувањето на 23 дипломати, ограничувајќи ги врските и замрзнувањето на рускиот државен имот. Поранешниот двоен агент на Русија и Обединетото Кралство Сергеј Скипал и неговата ќерка остануваат во критична состојба, откако беа пронајдени паднати на клупата во Салсбери во почетокот на март. Властите во Велика Британија тврдат дека руски нервен агент наречен Нович бил употребен во нападот. Русија ги отфрли британските обвинувања и вети соодветен одговор на наметнатите рестрикции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This