КРЕШНИК БЕКТЕШИ ЈА ПЛАШИ МЕЧКАТА СО РЕШЕТО: Ако Русија става блокади ќе најдеме други пазари – се закани министерот за економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Не навлегувам во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но ако Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија со која најмногу соработуваме и државите од регионот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Програмата за конкурентnост, Бектеши напомена дека секоја држава има право да донесува свои одлуки.

-Македонија е насочена кон НАТО и ЕУ, а ако Русија става блокади, ќе бараме нови пазари. Имајќи предвид дека најмногу соработуваме со ЕУ која е и нашиот трговски партнер, како и со нашите соседи, ќе најдеме други пазари, истакна Бектеши

Трагично е што актуелната власт се покажа како целосно неспособна да најде пласман за македонските земјоделски производи, а тоа го потврди во неколку наврати. Проблем имаше со откупот на праските и сливите како и други земјоделски производи, а една инфалтилна држава како Косово успеа да и нанесе милионски штети на Македонија. Сега Бектеши и се заканува на Русија(руската мечка) со која минатата година трговската размена изнесуваше близу 300 милиони американски долари, да не беше трагично ќе беше смешно…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This