КРИВИЧНА ЗА ЕКС-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРАТОВО: Фирми на Ѕинго користеле училишна зграда, бесплатно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот градоначалник на Кратово, Мите Андоновски, се сомничи за несовесно работење во службата. Против него е поднесена кривична пријава поради тоа што и дозволил на фирмата „РИК Силекс“ без надомест да ја користи поранешната училишна зграда. На овој начин фирмата се стекнала со противправна имотна корист од речиси 90.000 евра на штета на Општината.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против М.А.(62) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”. Во периодот од април 2005 година до октомври 2017 година, пријавениот, како градоначалник на општина Кратово, не го информирал Советот на општина Кратово, за ненаменско користење на поранешна училишна зграда-Кристалограверница, на АД “РИК Силекс” од Кратово, која на истото, согласно договор била издадена без надоместок. Со ова пријавениот, му овозможил на АД “РИК Силекс” Кратово, преку издавање под закуп на наведениот објект, да се стекне со противправна имотна корист од 5.420.154 денари, на штета на буџетот на Општина Кратово“, велат од полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This