КРИВИЧНА ЗА ПОЛИЦАЕЦ ОД ШТИП: Фалсификувал записник од тепачка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кривична пријава е поднесена против вработен во Секторот за внатрешни работи Штип поради основано сомнение дека фалсификувал службена исправа.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе кривична пријава против И.Б. вработен во СВР Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување службена исправа“ предвидено и казниво по член 361 од КЗ на РМ.

На 20 октомври минатата година во Полициска станица од страна на граѓанин е пријавен физички напад по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир извршен од страна на четири лица, за што е изготвен записник за примање на пријава.

На местото на настанот испратени се двајца полициски службеници кои извршиле разговор со сведоци на настанот, кои го потврдиле физичкиот напад. Изготвените службени материјали биле предадени на пријавениот И.Б. кој во име на полициските службеници изготвил службени материјали во кои внел невистинити податоци и содржина дека лицата вербално се расправале, со што извршил преквалификација на настанот од прекршок во поплака.

МВР соопшти дека по наредба на Основното јавно обвинителство Свети Николе извршено е графолошко вештачење, при што е утврдено дека ракописот е идентичен со ракописот на пријавениот.

Осомничениот полициски службеник е суспендиран од работното место до завршување на дициплинската постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This