КРИВИЧНА ЗА ХАУСМАЈСТОРОТ НА ЖЕРНОВСКИ: Претепал дете со стап, секира и го фрлил од балкон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најбогатиот хаусмајстор во Макеоднија, Кочо Стојчевски заработи кривчна пријава откако заедно со неговиот брат минатата недела со стапови и секира претепаа шеснаесет годишен крушевчанец.

Полицијата со кривична пријава ја потврди информација на Инфомакс објавена минатата недела, а во врска со крвничкиот напад врз тинеџер од Крушево од страна на Кочо Стојчевски, хаусмајстор во општина Центар и неговиот брат.

ХАУСМАЈСТОРОТ НА ЖЕРНОВСКИ ПРЕТЕПАЛ ТИНЕЈЏЕР ВО КРУШЕВО: Заедно со неговиот брат, со стапови претепале дете – полицијата работи на расчистување на случајот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С. (40) и К.С. (39), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“.

Настанот се случил на 5. август 2018 година околу 1 часот во Крушево на улицата Мише Ефтим, додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на улицата. Првопријавениот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки, по што се симнал и започнал расправија со 16-годишното лице, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото. Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно го фрлиле детето преку оградата, нанесувајќи му телесни повреди.

Инаку, Кочо Стојчевски е хаусмајсторот од општина Центар кој во мандатот на Жерновски успеа преаку ноќ да стане раководител на испекциските служби, да се поднови со автомобил Ауди А6, да изргади вила во Сопиште, а по доаѓањето на Златко Марин како градоначалник во Аеродром стана и инвеститор во една од најголемиоте згради во општината, објект кој во моментов е во изградба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This