КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА МИТКО ЈАНЧЕВ: Фалсификувал исправи и документи за набавка на возило за чистење снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред почетокот на гласањето за уставните измени во Собранието, МВР поднесе кривична пријава за фалсификување исправи, против градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, објави МВР во денешниот билтен.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.Ч.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, потоа против Mитко Јанчев (37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против К.Г.(63) нотар од Кавадарци и М.М.(63) од Кавадарци, вработен во МВР на РМ-Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот од 16.01.2015 до 01.09.2016 година првопријавениот, вработен во „Кожувчанка” ДОО- Кавадарци, изготвил лажен договор за купопродажба на возило за чистење на снег и посипување со сол „UNIMOG U1400”, во кој истиот бил наведен како купувач, по што ваквиот договор го употребил при постапка заидентификација на патничкото возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

Второпријавениот, пак, како управител на „Кожувчанка” ДОО и „ЈА-МИ” ДООЕЛ – Кавадарци, и покрај тоа што знаел дека наведеното возило било сопственост на „Кожувчанка” ДОО, со првопријавениот, склучил договор за купопродажба на наведеното возило, во кој како продавач бил наведен првопријавениот, а како купувал било наведено правното лице „ЈА-МИ” ДООЕЛ. Третопријавениот, како нотар, и покрај тоа што не му бил приложен оригинален договор за купопродажба на наведеното возило, ја заверил копијата од лажниот договор за купопродажба изготвен од страна на првопријавениот, по што го заверил и договорот за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот, како продавач и „ЈА-МИ” ДООЕЛ, како купувач.

Четвртопријавениот, каковработен во МВР – Одделение за управни работи – Кавадарци, издал согласност на „ЈА-МИ” ДООЕЛ за регистрација нанаведеното возилото, без да изврши увид во царинската декларација за наведеното возило, во која како увозник и сопственик била наведена фирмата „Кожувчанка” ДОО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This