КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ИЛЧО ЗАХАРИЕВ: Основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување.“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев заработи кривична пријава. Како што информираа од СВР Штип, од нивна страна била поднесена кривична пријава со основно јавно обвинителство во Штип против градоначалникот Захариев поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување.“


Според полицијата Захариев ја искористил службената положба и овластување преку склучување на штетен Договор со фирма од Штип, спротивно на законските прописи и без наведен основ за склучување на договорот.
„Пребил наплатени парични средства во висина од 1.567.619 денари по основ на уредување на градежно земјиште за парцела на ул.„Гоце Делчев“ бб Штип од 2004 година, и наместо да изврши наплата на парични средства во висина од 1.899.918 денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари.“ – вели Гордана Панајотова, портпарол СВР Штип.
По поднесената пријава, реагираше штипскиот градоначалник. За него како што се посочува во соопштението не е изненадување што против него во овој период полицијата поднесе кривична пријава, истакнувајќи дека тој работел законски, а пријавата му била поднесена за да му помогнат на неговиот противкандидат.
„Предметот е кристално чист и ова е политичка пресметка, и македонската и штипската јавност треба да знае дека за секој проект од страна на полциијата, во изминатите 4 години следеше кривична пријава. Имаше над 40 истраги и ниедна кривичан пријава не е процесуирана, што е доказ за мојата чесност и одговорност. Ние никогаш нема да дозволиме а посебно јас да направам нешто што ќе биде незаконито.“ – вели Захариев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This