Кpивична пpијава против Палчо и уште три лица за пуштањето „бoMби“ на разглас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Против бизнисменот Љупчо Палевски и уште три други лица е поднесена кpивична пријава за сторено кpивично дело „неовластено присл ушување и тонско снимање“. Кpивичната пријава следи откако на 4-ти април за време на изборната кампања, тие во Прилеп организираа мал собир на кој на разглас пуштија неколку не легално прислушувани разговори. Во разговорите се појавија гласови на актуелни и пранешни функционери.

Освен против Палевски, кривичната пријава е поднесена и против 49-годишниот Г.Н. од Прилеп, 44-годишниот Т.М. од Битола и 51-годишниот Г.Т. исто така од Прилеп.

„На 04.04. годинава, околу 19,00 часот во Прилеп на ул. “Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето “Бојкотирам“ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.

Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време.

На 05.04. Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во ПС-ОН Прилеп. Со Наредби за претрес од Основен Суд Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото ПМВ марка 3Цитроен Ц4 Кактус“ кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална фоpензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук“, соопштија од МВР.

Кpивичната пријава е поднесена од Надворешната канцеларија за кpиминалистички работи при ПС од ОН Прилеп до ОЈО Прилеп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This