КРИВО НИШАНИТЕ И ПОГРЕШНО ПУКАТЕ: Сакаат да ме потценат и да ме направат помал во очите на јавноста, рече Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес се обрати на настанот организиран од Унијата на жени на партијата по повод претстојниот празник на жената 8-ми март.

Тој во својот говор се осврна и на неколку политички теми.

-ВМРО-ДПМНЕ се соочува со политички терор, кој резултираше со притвори меѓу кој има и жени, пред се мајки како Жаклина и Елена. На пратениците им доделија притвор, па дури потоа им го симнаа имунитет. Политички процес парекселанс. За ова прекршување на законот мора да има одговорност. Целокупната политичка мисија на оваа Влада се темели на играта со ниски страсти која има за задача да ги оцрни за ним неподобните и истите дисквалификува. Па така доколку некој не им чини ја активираат својата свита од дворот со сите нишани да пукаат во метата дека секој кој ќе крене глава е неподобен. За мене, често знаат да кажат дека сум продолжена рака, па така мислат дека ќе го потценат својот противник или ќе го направат помал во очите на јавноста. Во оваа прилика сакам да им порачам, не само што криво нишаните туку и погрешно пукате, јас Христијан Мицкоски сум единствено на страната на народот, и со таа помисла влегов во политиката и тоа начело ќе ме води до последниот ден од ова мое поглавје во животот. Токму затоа е стравот голем, бидејќи народот многу добро ја соголува нивната прозирна политика и хируршки прецизно ја гледа нивната неподнослива неспособност, општествена и политичка, вредносна и човечка, како сакате. Веројатно им пречи секој македонски став, само затоа што е огледало на нивната немоќ и она што не се тие. Многу често некои знаат да кажат и дека ВМРО е млако во своите политики, и тука сакам отворено да споделам неколку реченици. Треба да се прави јасна разлика меѓу млако и внимателно, помеѓу емотивно и математички прецизно. ВМРО-ДПМНЕ е огромен брод кој плови низ немирно море и кому му е потребна стабилност повеќе од се друго. Таа стабилност полека, но сигурно доаѓа, а за нејзино постигнување е важен секој еден член. Пловењето низ тоа море не е возможно без меѓународни конекции и пријателства, и затоа во изминатиот период го посветив на создавање на нови или реобновување на постојните контакти. Така фунционира модерниот свет. Но ве уверувам, доаѓа времето кога стабилно ќе запловиме кон проектираната цел, истакна тој.

Мицкоски потсетува дека тој беше дел од ВМРО-ДПМНЕ и во добро и во лошо како и многумина. Рече дека бил сведок на многу падови, но и блескави победи.

-Го знам пламенот кој гори во срцата на нашите членови, и го споделувам истиот тој пламен, и Ви велам ќе успееме. ВМРО тоа го може! Гледам дека членови на владата се натпреваруваат преку гол популизам да се прикажат за заштитници на другите заедници кои живет во нашата земја, па така се чини на политичката сцена гледаме една трагикомична фарса од повеќе продолженија каде на маса се фрлаат закони за јазици, лични одлуки за неучество на регионални конференции, барање на личните етнички потекла во историјата и така натаму, но додека филмот трае, во реалноста граѓаните трпат и недобиваат ништо. Животот во Теарце, Вејце, Желино, Арачиново останува ист, непроменет. Обичниот Албанец, споделува исти маки и предизвици како и Македонецот од било кој крај на државата. Потребна е вистинска борба не преку политиканство туку преку реални мерки за подобар живот на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите остнати. Што добиваат сите овие од оваа трагикомична фарса на власта? Големо ништо. Паролата која ја употребуваа нема правда, нема мир, колку само трогателно треба да звучи, полека станува оскиморон на владеењето на оваа влада, каде ниту мир има, а за правда не се ни зборува. Времето минува, но животот кој го ветуваа никако да дојде, барем не за граѓаните. И во отсуство на вистински проекти, за големо достигнување ќе ни се преставува отворената автобуска станица и преместената 50-ска за едвај триесетина метри, додека ГТЦ замира. За големи инвестиции ќе ни се преставуваат препишаните од претходнта влада, затоа што нови нема, ниту се работи на тоа, автопатите кои ги сопреа очекувам повторно со црвени ленти да бидат отпочнати со градба, а како тргнало може и црвениот килим од кроењето на лозјето ќе биде таму, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО-МИА

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This