КРИЕЛЕ УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Пред четири дена починало бебе на пат кон Скопје од охридската гинекологија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чумата која го зафати Македонското здравство со поставувањето на Арбен Таравари за министер нема крај. Откако минатата недела однесе седум детски животи, до нашата редакција пристигна информација за уште една трагедија, која како и во претходните случаи, Таравари и неговите службеници се обиделе да ја сокријат од јавноста

Директорката на охридскиот медицински центар се уште нема излезено со одговори за јавноста за смртта на млата Анастасија, која беше лекувана несоодветно, и неколкупати враќана на домашно лекување, што на крајот резултираше со трагедија.

За катастрофата да биде поголема, благодарение на негрижата и неспособноста на директорката поставена од Арбен Таравари, се случила уште една трагедија, која таа и министерот за здравство како и во претходните случаи се обидуваат да ја сокријат.

Имено, пред четири дена на охридската гинекологија била примена мајка во својата 30-та недела од бременоста. Детето родено во таа гестациска недела по правило се пренесува во Скопје во инкубатор. За транспортот на вакви комплицирани случаи, постои веќе воспоставен протокол, кој најверојатно не бил испочитуван од страна на вработените во охридската болница, поради што состојбата на бебето се влошила некаде пред Кичево.

Бебето е префрлено во кичевската болница, каде два часа се обидувале да го реанимираат, но за жал не успеале.

Во министерството за здравство владее громогласен молк за овие случувања. Нашата редакција веќе трет ден не успева да добие одговор од службите на министерството, ниту пак од одговорните лица во медицинските центри низ државата каде што се случуваат овие трагедии.

Наместо тоа, Арбен Таравари реши преку Вибер и на Фејсбук да дели лекции по новинарство и да ја едуцира јавноста за тоа на кој медиум треба да му се верува, а на кој не.

 

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This