КРИЗАТА ВО „БЕСА“ СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Тетовското крило на партијата, како и организациите на младите и жените не го даваат Касами!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Форумот на млади и Форумот на жени на Движењето БЕСА во Тетово одржаа вонредна прес-конференција за да го зачуваат единството на партијата.

Тетовското крило одговори на скопската група еден ден откако тие едногласно одлучија да го разрешат Билал Касами од претседателската функција. Тие рекоа дека состанокот на советот одржан во Скопје не бил законски и дека секој што не ги почитува институциите на Беса ќе се соочи со политичко и правно дејство.

„Беса ќе продолжи со својата политичка битка, во интерес на Албанците и другите граѓани во Македонија. Не можеме да останеме рамнодушни на пратеникот Неџмедин Карајмани и бараме да ги почитува законските органи како и легитимниот претседател Биљал Касами. Апелираме до неодговорните луѓе, кои на незаконски начин сакаа да и наштетат на Беса, што побргу да се повлечат од ѓаволската игра. Ќе се преземат сите законски и политички мерки против секој што не ги почитува сите институции“, истакнаа од Беса на денешната средба.

Хатие Етеми изјави дека сите кои се обидуваат илегално да и наштетат на партијата ќе се соочат со револтот на гласачите и правните мерки кои ќе бидат преземени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This