April 25, 2024, 10:05 am

КРИМИНАЛИЗАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Екс-зетот на Циц, и член на Извршниот одбор на СДС кој во април беше фатен со 20.000 евра нелегални пари на граница, поставен за директор на Аеродроми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виктор Петрушевски е назначен за нов директор на Акционерското друштво за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“.

Петрушевски претходно работеше во Јавното претпријатие „Куманово-гас“. Во АД „Аеродроми на Македонија“ доаѓа на местото на досегашниот директор Назиф Буши.

Петрушевски беше член на извршниот одбор на СДСМ во предходниот состав.

Инаку, Виктор Петрушевски во април оваа година беше фатен од цариниците на Српската страна на преминот Табановце, со 20.000 евра во кеш. Петрушевски исто така е екс-зет за ќерка на Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц.

Во кумановската чаршија се зборуваше дека е можно да станува збор и за пари од платената „отштета“ на терористичките фракции на УЧК кои пред две години изведоа терористички напад во Диво Насеље, за кои Дамјановски знаеше, но не пријави навремено.

Партиски извори пак брифираа дека се работи за пари на некоја од фирмите на Заев или за пари на Шеќеринска и Шилегов.

Според првичните неофицијални информации од партиски извори во СДСМ, парите најверојатно му биле дадени од Шилегов, Шеќеринска и Заев, а биле наменети за Срѓа Поповиќ од терористичката организација „Канвас“.

Во изминатите неколку години „Канвас“ беше организацијата платена од СДСМ, а задолжена за организирање на т.н. шарена револуција, која ја втурна Македонија во политичка криза, која оттогаш до денес се продлабочува.

ЧИИ ПАРИ СКРИШНО ИЗНЕСУВА ЗЕТОТ НА ЦИЦ? Петрушевски, зет за ќерка на Циц фатен со десетици илјади евра во кеш на српска граница!

Она што го дознаваме е дека, Заев повторно добил инструкции за активирање на „Канвас“ со цел создавање на немири и судир со иницијтивата „За Заедничка Македонија“ имајќи во предвид дека народот нема да дозволи СДСМ насилно да го превземе Собранието и да ја протурка Тиранската платформа.

ЧЛЕНОТ НА ИЗВРШНИОТ НА СДСМ ТРЕБАЛО ДА ИСПЛАТИ РАТА НА „КАНВАС“: Со пари од бизнисите на Заев, Шеќеринска и Шилегов се плаќа „Канвас“ за нови немири!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This